Новиот ансамбл „Билјана“ полека го пробива мразот на охридската сцена каде некогаш неприкосновено владееше познатиот музички состав во старата постава. Полни со енергија, ентузијазам и пред се со голем талент, момчињата од „Билјана“ јуниор ги освојуваат симпатиите на љубителите на народниот мелос.

Во составот „Билјана“ членуваат Јован Поп Стефанија- хармоника, Ангел
Дулевски- кларинет, Петар Паскали – виолина, Андреј Лаброски- контрабас,
Христијан Томески- гитара и Стефан Здравески- ритам. Тие парарелно со настапите во угостителските објекти во градот го подготвуваат и своето прво ЦД.

Неодамна ансамблот „Билјана“ настапи на престижниот фолк фест Валандово, каде го придружуваше охриѓанецот Петар Нечоски, кој одбележуваше јубилеј 25 години континуиран настап на фестивалот.

OhridNews