Жителите на селата Подмоље, Оровник, Горенци и населбата во близина на аеродромот, во текот на денешниот ден повторно ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Причината за прекинот е дефект на главната водоводна мрежа од „Св. Еразмо“ до селото Горенци.
-Дефектот е резултат на дотраеноста на цевка Ф-300, која ќе биде заменета со нова. Додека работат екипите на ЈПК „Дебрца“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа водоводна линија. Граѓаните дополнително ќе бидат известени до која фаза е поправката на водоводната мрежа и кога ќе се нормализира водоснабдувањето, информираат од општина Дебарца.
Инаку селата Подмоље, Оровник и Горенци имаа проблеми со водоснабдувањето и во текот на претходните денови.
OhridNews