Иан Борои (35) од Аргес, Румунија, поднел службена жалба поради локалните трговски стандарди откако се опил од само една лименка пивo. Ја купил од локален супермаркет и толку се опил што за малку ќе се онесвестел.
– Повеќе сум од способен да поднесам алкохол и смешно е воопшто да се помисли дека човек може да се опие од само едно пиво-рекол.


Тврди дека со пивото нешто не е во ред и бара оштета. Испратил писмо во Здужението за заштита на потрошувачи барајќи да го истражат случајот.