Дури 61 тужба е поднесена во рок од два месеци, откако граѓанскиот суд ја презеде должноста за процесуирање на тужбите за клевета и навреда.

Најпрво на засегнатите страни ќе им биде понудено помирување.  Во  случај странките да не се согласат со тоа, тогаш тројца судии ќе работат на решавање на клеветата, односно навредата.

До сега судот отворил 20 предмети, во кои тужат јавните личности, меѓу кои политичари, актери, доктори и пејачи. Новинарите и натаму остануваат онаа категорија граѓани, кои се најчесто тужени за клевета.

Во новиот закон, пропишана е каскадна одговорност. Според него, максималните казните се од  2 000 евра за новинарот, 10 000 за уредникот, односно 15 илјади за медиумот како надохнада за нематријална штета.

OhridNews