СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од охридското село Требеништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување”.

Пријавениот на 7-ми октомври, околу 18.40 часот во Требеништа во штаб на политичка партија ја соборил 30-годишната жена. После нејзините молби да ја пушти, пријавениот во еден момент застанал и почнал да и се извинува, ја отклучил вратата и оштетената успеала да избега.

OhridNews