На ден пред завршување на законскиот рок за пријавување, во Охрид до надлежните институции била поднесена уште една независна листа за советници, дознава OhridNews.
Официјално подносителите и кандидатите на независните листи ќе бидат објавени по завршување на увидот врз избирачкиот список , кој завршува денес, 9- ти февруари на полноќ. Неофицијално, засега во Охрид се поднесени 5 независни листи за советници, но дали таа бројка е конечна, ќе се знае утре.
Рокот , пак, за поднесување на Листи на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник , од страна на партиите, завршува на полноќ на 16- ти февруари.