Повеќе од 3000 барања за надомест на дел од трошоците за купен соларен систем пристигнале во Министерството за економија.
Како што информира ресорниот министер, Ваљон Сараќини, со вградување на соларен колектор на годишно ниво се заштедува околу 2 400 киловат часови.
„Радува фактот што се повеќе стануваме свесни дека финансиските заштеди за една година би изнесувале 13 000 денари, согласно последната цена на електричната енергија во Република Македонија.“ – изјави Сараќини.
Инаку, оваа стимулативна мерка се спроведува по петти пат во земјава, а втор пат се реализира по пат на јавно извлекување на добитници, кои ќе добијат надомест од 30 отсто од трошоците.
OhridNews