Во законскиот рок за пријавување нелегално изградени објекти што истече во саботата на полноќ се доставени 342.794 барања за легализација, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Тој појасни дека бројките уште се сумираат бидејќи се чекаат испратените барања преку пошта,
Со поднесувањето барања заврши првата фаза од процесот за легализација, а во наредниот период општините со целиот свој капацитет треба да пристапат кон нивно решавање, појасни Јанакиески.
Во Македонија досега се издадени 6.200 решенија за легализација на дивоградби.












