Скопското обвинителство поднесе обвинение против лицето кое ја влечеше пратеничката Радмила Шекеринска за коса, во насилството во Собранието што се случи на 27 април. Обвинителството  соопшти дека лицето е обвинето за насилство и дека му се заканува казна затвор од 3 до 10 години.

„Лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство, повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, соопшти скопското обвинителство.