Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот. Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси, велат од Јавното обвинителство.
OhridNews











