
Доколку должникот нема да ја исполни паричната обврска во законските рокови предвидени со член 5 и 7 од Законот за финансиска дисциплина, а доверителот поднесе тужба до надлежен суд / предлог за извршување до извршител / предлог за платен налог до нотар, во вакви случаи судот, извршителот или нотарот се должни да достават писмено Известување до Управата за јавни приходи.
Известувањето, овластените подносители (нотарите, извршителите и судовите) можат да го поднесат почнувајќи од 01.01.2015 година до надлежната Регионална дирекција / Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно во дирекцијата на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор. За утврдување на надлежната дирекција на УЈП каде се води и администрира должникот од приватен сектор, преземете го документот „Месна надлежност на дирекции на УЈП“.
Известувањето за пречекорување на законски рокови за плаќање на обврските е составен дел од „Упатство за навремено исполнување на парични обврски и надзор над деловни трансакции помеѓу економски оператори од приватен сектор“ бр. 21-7087/1 од 30.09.2014 година, во кое се прецизираат надлежностите на УЈП во спроведување на Законот за финансиска дисциплина, односно начинот и формата на поведување на постапката на надзор, обврската за известување, санкции за прекршителите и постапката во случај на непостапување.
Упатството може да се преземе од веб страницата на УЈП .
OhridNews











