Украина денеска ја отфрли можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува отстапување на територија.

Војната нема да заврши ( и покрај какви било отстапки). Само ќе биде ставена на пауза некое време, изјави Подољак во добро чуваната претседателска канцеларија, каде што некои прозорци и ходници се заштитени со вреќи со песок.
Подољак во интервјуто кажа дека Русите по некое време ќе го зајакнат оружјето и персонал и ќе почнат нова офанзива, уште покрвава и пообемна.
Тој ги отфрли, како многу чудни, повиците на Западот за итен прекин на огнот што ќе ги вклучи руските сили кои ќе останат на територијата што ја окупираа на југот и на истокот на Украина.
Руските сили мора да ја напуштат земјата и „дури потоа ќе биде можно продолжување на мировниот процес“, рече Подољак.
OhridNews











