Во СОСУ „Св. Кирил и Методиј “ изминатиов период интензивно се работеше на подобрување на условите за реализирање на наставната програма.

 

Во  објектот   целосно е променет инвентарот и набавена е нова опрема  за сите  кабинети и  училници  во кои има нови   клупи, столчиња, табли, интерактивни табли,интерактивни панели. Во кабинетите  по здравствена струка  и во кабинетите по  економско –правна и  трговска струка набавени се  нагледни средства  како и  нагледни средства за спорт. Вредноста на проектот е 2.096.420,00 денари, информираат од Општина Охрид.

Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 640.959 денари, реконструирани се сите санитарни јазли за ученици и наставници. Набавени се нови компјутери за настава од далечина во вредност од 393.750 денари, поставена е и локална мрежана инсталација (LAN) стабилен оптички интернет во училишната зграда , а вредноста е 267.106.

 

Во вредност од 1.336.022,00 денари заменета  е  надворешна столарија на спортска сала и училниците. Во сите простории и спортската сала  е  извршен  молерај. Санирани се  оштетените  делови од простории,а отстранета е и дотраената ламперија. Поставени се и нови внатрешни врати од училниците. Вредноста на проектот е 417.484,00 денари, стои во соопштението од Општина Охрид. 

ЈП „Нискоградба“ работеше на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Поставени  се цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти.  Проектот се реализира со финансиска поддршка на Општина Охрид. Екипи на ЈП „Градски гробишта“ работеа на оградување  на училишниот двор.

 

OhridNews