Во изминатиот период во објектот „Лихнида“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се работеше на промена на надворешната столарија, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков. 

Старата и дотраена столарија се замена со нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци. Со овој зафат значително се подобруваат условите за престој на децата, се вели во објавата.

Вредноста на оваа инвестиција изнесува 451 704 денари, а средствата се обезбедени преку буџетот на Општина Охрид, се додава во објавата.

OhridNews