Црвен крст Охрид преку услуги активно е вклучен во подобрување на животот на старите лица и лицата со попреченост. Ранко Раткушиноски, психолог во општинската организација, вели со Нега центарот се нуди помош и нега во домот и ги опфаќа старите лица, додека со личната асистенција се опфатени лицата со попреченост.
Нега центарот ги опфаќа старите лица и лицата со попреченост кои сакаат да бидат во домашни услови, домашна средина. Имаат потреби кои треба да се задоволат, а семејството не може да им ги обезбеди. Според потребата на семејството се ангажира неговател на дневно ниво во зависност од колку часа му се потребни на семејството однодно на лицето на коешто му е потребна помошта. Имаме неколку пакети, над еден час, два, четри и осум часа на ден во зависност од потребите на лицето. Обавуваме основни активности како лична хигиена и инструментални активности кои опфаќаат на пример набавка на производи, адмистрирање на лекови…, вели Раткушиноски.
Потенцира дека почнуваат и со услугата лична асистенција на лица со попреченост, а веќе имаат склучено неколку договори.
Од наредниот период ја прошируваме и таа социјална услуга на териотријата на Општина Охрид. Кај личната асистенција се работи за лица кои имаат попречености и личниот асистент е тука да му помогне во секојдневното функционирање, да им го подобри животот, да се општествено поактивни и да се еднакви во заедницата. Моментално имаме тројца ангажирани лични асистенти, во процедура сме за уште две лица, додава Раткушиноски.
Досега седумнаесет лица се стекнале со титулата лиценцирани асистенти, по завршување на обуката во рамки на Црвен крст Охрид верификувана од страна на Министерството за образование и Институтот за образование на возрасни.
Н.С.Ј.