Според прогнозата на синоптичарите, денес, ќе биде сончево и потопло време, со слаб ветер од променлив правец и максимални температури до 13 степени.

Во земјава, утре ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, на планините слаб снег и умерен до засилен северен ветер.

Во Охрид, во сабота ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Од недела се предвидуваат подолги сончеви периоди и постепено зголемување на температурата на воздухот.

Врнежи од дожд и опаѓање на температурите се очекуваат во четврток.

OhridNews