Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На граничниот премин Дојран, за излез од државата се чека околу 15-30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од АМСМ со уште една информација. На магистралниот пат А2 патен правец Кичево–Охрид (Пресека – Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање), утре, 24.07 (понеделник) помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.
OhridNews