Експертите навеле дека спротивно со општо познатото мислење, погрешно е да се обидуваме за време на викендот да го надополниме сонот, бидејќи со тоа всушност само го зголемуваме чувството на замор и поспаност, па уште потешко се будиме во понеделник наутро. Тим истражувачи од универзитетот Саутвестерн во Тексас открил дека продолженото спиење за викендот го ремети метаболизмот и внатрешниот телесен часовник кој ни кажува кога е време за спиење, за јадење или за будење и извршување на останатите телесни функции.

Тој ритам, кој се повторува на секои 24 часа, е пореметен доколку се обидеме да воспоставиме поинаков циклус на спиење. Значи, прекумерното спиење во сабота и недела не е ефикасен метод за отстранување на заморот кој е акумулиран за време на работната седмица. Д-р Грегори Картер, експерт за медицина на сонот, советува за време на викендите само нешто порано да се легне во кревет и да се спие осум часа, а будењето да биде во вообичаеното време како не би се пореметил метаболизмот.