Германскиот репрезентативец Лукас Подолски е првото засилување на Интер во зимскиот преоден рок.
Подолски на „Џузепе Меаца“ пристигна од тимот на Арсенал каде не добиваше некоја голема минутажа од францускиот стручњак Арсен Венгер.
Тој следните шест месеци ќе настапува како позајмен фудбалер, со можност за откупување на целиот договор.
Германецот освен во Арсенал боите ги бранеше на бундеслигашите Келн и Баерн Минхен.
Мх.П.