Фудбалерот на Арсенал, Лукас Подолски, наредните шест месеци ќе ги мине во Интер, тврди „Скај Италија“. Според истиот извор, спортскиот директор Пјеро Аусилио ги договорил деталите по кои Подолски ќе му биде отастапен на Интер.
Интер, Подолски ќе го чини два милиони евра до крајот на сезоната, по која ќе може да го откупи неговиот договор за сума од шест милиони евра. Официјалната промоција на „Џузепе Меаца“, Подолски ќе ја има в понеделник.
Германскиот репрезентативец, оваа сезона е во втор план кај менаџерот Арсен Венгер, тој има одиграно само шест натпревари во Премиерлигата.
Подолски, кој летово со германската репрезентација го освои светското првенство, во кариерата има играно за Келн и Баерн Михен, за германскиот национален тим одиграл 121 натпревари и постигнал 47 голови.
„Макфакс“