Лукас Подолски со погодок за победа за Германија во контролниот дуел со Англија (1-0) се прости од дресот на „панцирите“.


Навивачите на „Сигнал Идуна Парк“ на популарниот Полди го испратија со сите почести, а шлаг на тортата стави фудбалерот кој постигна маестрален погодок.


Подолски точно 130-ет пати го носеше дресот на Германија, а постигна 49 погодоци. Напаѓачот беше еден од репрезентативците кои активно учествуваа во освојувањето на титула од Мундијалот во Бразил 2014 година што е најголемо признание во светскиот фудбал.


31-годишниот фудбалер игрите од националниот дрес не ги преслика на клупски план иако настапува(ше) во екипите какви што се Баерн Минхен, Арсенал, Интер и Галатасарај.

OhridNews