Согласно условите и упатството за аплицирање во рамките на програмата Г1- Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2011 година и јавниот повик за финансирање проекти „Локална контрибуција за реализација на проектни активности согласно дефинираните приоритети предвидени со стратегијата за локален економски развој на општина Охрид„ ,локалната самоуправа одлучи финансиски да поддржи 7 проекти кои се однесуваат на локалниот економски развој и 22 проекти од сферата на туризмот од кои 11 проектни предлози се аплицирани од страна на приватни станоиздавачи од мал обем и 11 проектни предлози аплицирани од невладините организации.


На денешната прес конференција, градоначалникот Александар Петрески и претставниците од Секторот за туризам и локален економски развој, на јавноста и презентираа кои проекти ќе добијат финансиска поддршка и во колкав износ.

Меѓу подржаните 7 проекти од сферата на Локалниот економски развој се и проектот за адаптација на месната здравствена амбуланта во селото Љубаништа, како и проектот за Промоција на традиционалните занаети во Охрид.



Дел од одобрените проекти од сферата на туризмот се однесуваат на Подобрување на квалитетот на постојната и изградба на нова инфраструктура, опремување на дополнителни станови за издавање, како и обнова на индивидуални семејни куќи.  

На средбата градоначалникот Петрески им се заблагодари на апликантите што учествувале на овој јавен повик и потенцира дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи со подршката на  проекти кои придонесуваат кон понатамошниот развој на туризмот и развојот на Охрид.

OhridNews