Кралот на Ла Манш, 70. годишниот Мајкл Рид кој го преплива Охридското Езеро е највозрасниот маратонец, што некогаш го освоил Охрид. Британецот Рид патеката „Климе Савин“ долга 30 километри ја преплива за 9 часа 52 минути и 50 секунди. Тој во Охрид дојде на покана не неговиот домаќин, истакнатиот македонски маратонски пливач Нико Нестор.


Пресреќен сум што успеав да го препливам езерото, подвиг кој посакав да го направам  подолго време пред се  поради мојот пријател Нико .Неговата  приказна е толку инспиративна и ме поттикна и јас да го направам истото, посакав и успеав да видам каде тој тренирал и како сето тоа изгледало, им благодарам на сите кои дојдоа овде и ми приредија ваков љубезен пречек.- рече Рид по пристигнувањето на целта.

Маратонецот кој викендов наполни 70 години,одлучи влегувањето во осмата деценија од свјот живот да го прослави токму во Охрид. Трката била исрцпувачка , но на општо изненадување на сите “машки“ го издржал тоа.

Кралот на Ла Манш како што го нарекуваат, трката ја започна со 52 завеслаи во минута и тоа темпо го следеше во континуитет. За мене беше задоволство да се гледа, а уште повеќе да се учествува во оваа трка и тоа како главен судија – истакна Соња Думбалова.


Делегат на трката беше охриѓанецот Никола Маленко, кој посака еден ден некој од охридските маратонци да го повтори овој несекојдневен успех.

Пристигнавме преморени, но прерадосни, јас ја имав таа чест да бидам делегат на овај маратон на една ваква нескојдневна прилика и еве му честитам на господинот Мајкл Рид. На стартот во Св Наум се плашевме дали воопшто ќе отплива, но го отплива за помалку од  10 саати, што е феноменално постигнување за човек на негова возраст. Денес сум прерадосен што трката ја заврши прекрасно и со тоа го прослави својот роденден. Мајкл Рид беше презадоволен од приемот и од сето тоа што се случуваше и Охрид го претставиме како добар домаќин. Тој најави дека ова нема да биде негова последна трка и се додека е витален ќе доаѓа да плива. Посакувам додека сум жив да видам некој од нашите стари маратонци, на негова возраст да го отплива Охридското Езеро, можеби мојот син, Александар Маленко еден ден да го повтори овој успех – рече Маленко.


Рид кој 33 пати го препливал каналот Ла Манш вели дека нема да застане тука со неговите не секојдневни потези. Пливањето во Охридското Езеро било најдоброто нешто што му се случило годинава.

– Имав повеќе лоши од  добри саати, беше одличен ден и јас морам да им се заблагодарам на мојот водич и одличната придружба со која се чуствував како да сум во рајот. Единствената забелешка ја имам до Ромео кој во финишот “ме прелага“ за неколку сантиметри кои значеа километри плус. Ова беше едно од нештата кои ги немам никогаш направено,  секоја година имам по еден нов предизивик, па така се одлучив годинава тоа да биде препливувањето на Охридското Езеро. Беше голем предизвик, дури и многу поголем од што очекував. Сакам да им порачам на луѓето никогаш да не се откажуваат, туку да бидат упорни во своите настојувања, се сеќавам на една изрека на еден познат голф играч кој рече, “интересно, колку потешко тренирам, толку посреќен станувам“, јас сум многу среќен денес  – напомена Рид кој уште еднаш и се заблагодари на својата екипа која го следеше во овај потфат.


Пред стотина љубопитни охриѓани кои спонтано се собраа на градското пристаниште, на целта покрај организаторите на овој настан Клубот за спортови на вода “Охридски Бранови 2008” Охрид, го пречека легендарниот пливач Нико Нестор, кој во 1959 година беше првиот на Балканот, кој го преплива Ла Манш (12 часа и 3 минути).

–    Господинот Рид кој е директор на каналските пливачи во Довер пред  две години дојде во Охрид и ме покана да ми прослават 50 години од препливувањето на каналот Ла Манш, го виде езерото и се заљуби во него. Кратко потоа  се одлучи и да го преплива,  пред 5-6 месеци, ме побара и ме замоли да му организирам , велеќи ми  “Нико јас сакам да го пливам Охридското езеро, молим те дали можеш да ми организираш “ .Јас заедно со клубот Охридски Бранови, организиравме се` за да може тој комплетно да го исплива и да тоа биде верфицирано, официјално – рече Нестор на целта.



Нестор : Рид е феномен

–    Ова е голем успех, сите ние кои бевме вклучени во овај настан, сме воодушевени од неговиот дух но и физичка и психичка подготвеност. По сите формалности кои ги направивме , докторот ни рече дека тој е феномен, сите книги ќе ги исфрлам низ смеа ни рече др. Балев. Имаше среќа со времето кое и тоа како му се погоди, водата не беше ладна, и покрај тоа што тој пливал и во ладна вода и тоа на шест степени. Јас сум воодушевен, и немам зборови.

Маленко :  Подвигот на Рид е најголема промоција за Охрид

–    Рид со овај невообичаен подвиг направи огоромна промоција на Охрид и Охридското езеро. Во неговата биографија покрај тоа што ќе стои дека 33 пати го препливал Ла Манш, ќе стои и Охридското езеро. За нас преставува огоромна чест што е дојден како гостин, а потоа и како маратонец, тој е добар пријател на Нико Нестор и пријател на Охрид и за него вратите секогаш ќе бидат отворени.  Јас би бил пресреќен во текот на летото доколку имаме уште неколку вакви настани со тоа што далеку повеќе би се преставиле во светот – смета Маленко
М.Постоловски