Во пресрет на големиот православен празник Богојавление – Водици, членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни активности Охрид од Охрид, денеска ќе спроведат акција за чистење на дното на Охридското Езеро, на потегот каде традиционално се врши осветувањето на езерските води и се фрла чесниот крст.
Целта на акцијата е да се исчисти внатрешниот дел од пристаништето за да не дојде евентуално до некаква повреда на капачите кои ќе скокаат по крстот.