„Топчиите“ се изедначија со Манчестер Сити на втората позиција во Премиер лигата откако триумфираа против Хул 3-1 во последниот натревар од 35-та рунда.
Со триумфот над „тигрите“ фудбалерите на Арсенал им се вратија на победите по ремито без голови со Челси во претходна рунда кое ја прекина серијата од осум победи по ред.
Сепак, Арсенал е во предност во трката за втората позиција бидејќи има натпревар помалку, а ќе го одигра со тимот на Сандерленд.
Мх.П.