Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за околу еден месец ќе го распише јавниот повик за апликации за добивање на ИПАРД средства за кофинансирање на земјоделски проекти и проекти од областа на руралниот развој.

Како што информира портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев,јавиот повик е објавен во соработка и со поддршка на Европската Комисија, за чија цел се обезбедени повеќе десетици милиони евра.

– Суштината на овој оглас е дека ќе се подржуваат проекти преку кофинансирање во вредност од 50% од вкупните трошоци кои ги направил земјоделскиот субјект при реализација на проект кој е одобрен“, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека во овој повик значително се поедноставени процедурите за апликации, проширени се распоните на сумите за финансирање, подобрени се условите, предвидени се нови и проширени мерки за финансирање.

Со повикот ќе бидат кофинансирани проекти кои спаѓаат во Инвестиции во земјоделски стопанства, во преработка на земјоделски производи, како и во Рурална диверзификација.Во овие области зголемен е и распонот на инвестициите прифатливи за кофинансирање, па така во делот инестиции во земјоделски стопанства, од досегашниот распон од 5000 евра до 400 000 евра, новиот распон ќе биде од 3000 евра до 1 500 000 евра.

Во делот инвестиции во преработка на земјоделски производи, распонот на инвестициите прифатливи за кофинансирање од досегашниот кој беше од 15 000 евра до 800 000 евра, новиот распон е од 10 000 евра до 3 000 000 евра.

Зголемен е распонот на финансирање и во инвестициите во Рурална диверзификација од претходниот кој беше од 5 000 евра до 200 000 евра, новиот распон ќе е од 3 000 евра до 450 000 евра.

OhridNews
Makfaks