Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН како протагонист на мултукултурното општество и интеркултурализмот, во целост се залага веднаш после конституирањето на Собранието да се премине кон промена на Уставот, со што, како што велат, ќе се овозмозможи целосна уставна рамноправност и на граѓаните на Република Северна Македонија што се припадници на заедниците на Египќаните, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Бугарите, со другите граѓани припадници на деловите на народи што веќе се споменуваат во Преамбулата на Уставот.

Рубин Земон – Претседател на партијата ПОЕН

Граѓаните низ изборната кампања и претставувањето на изборните програми имаа можност да слушнат дека само коалицијата за Европска иднина нуди јасна и неприкосновена визија за брзо полноправно зачленување во Европската Унија до 2030 година, а скоро сите други опции нудат неизвесност на тој пат, па дури некои и целосно запоставување на процесот на евроинтеграции. Поради тоа, Партијата за општествен и економски напредок- ПОЕН го повикува членството и симпатизерите на престојните избори на 8 Мај 2024 година, го дадат својот глас за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, како и за листите за кандидати за пратеници на коалицијата Европска иднина, стои во соопштението на ПОЕН чиј претседател  е охриѓанецот Рубин Земон.