Специјализираното списание за литература „Књижевне новине“ од Белград, Србија,  во првиот број во 2012-та и посветува голем простор на современата македонска поезија и објави песни и фотографии на 13 автори од повеќе генерации, меѓу кои има и на  познатите поети од Охрид и Струга Славе Ѓорго Димоски и Петко Шипинкаровски.

Во списанието застапени се уште поетите: Бистра Кумбароска, Христо Петрески, Васил Тоциновски, Ранко Младеноски, Никола Алтиев, Радован П. Цветковски, Славчо Ковилоски, Васил Дрвошанов, Никола Маџиров, Јулијана Величковска и Иван Антоновски.

OhridNews