Денес, во Охрид се одржува поетска средба на која се претставуваат различни поети. Средбата се организира по повод роденденот на големиот холандски писател А. ден Долард (1901-1994).
Неговите книги изобилуваат со изјави во кои е овековечена неговата љубов кон Македонија и посебно кон Охрид. „Постојат два града во Југославија, кои и по една брза посета човек никогаш повеќе не може да ги заборави: Дубровник и Охрид. Тие живеат во сеќавањето на стотици илјади како визија на бескрајна убавина.“ – А. ден Долард.
OhridNews