Најновото издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, годинава, ќе биде посветена на творештвото на познатиот македонски поет, есеист, критичар и преведувач, Раде Силјан.

Во рамки на првата национална вечер, посетителите ќе имаат можност да видат и околу 20 дела на познатиот сликар Васко Ташковски кои ќе бидат изложени во црквата во Велестово и Центарот за култура.

Втората, интернационална вечер ќе може да се чуе поезија на гостите поети од Албанија, Бугарија и Босна и  Херцеговина.

Годинава, организаторите размислуваат втората интернационална вечер да ја преселат на некој атрактивен простор во Охрид.

–    Втората вечер посетеноста е послаба, претпоставувам поради  далечината и патот,па затоа размислуваме таа да се оддржува на некоја соодветна локација во Охрид, како што е Лапидариумот кај куќата на Робевци со цел да се зголеми и посетеноста, вели Славе Ѓорго Димоски.

Минатите години во рамки на интернационалната вечер, своето творештво имаа можност да го претстават поети од Италија, Шведска, Црна Гора, Сирија, Србија, Турција.

Манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ ќе се оддржи на 17 и 18 август. 

OhridNews