Со литературниот портрет на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски синоќа во Софија беше отворена Петтата македонска книжевна визита.

Покрај  поетскиот портрет на Димоски се одржа и литературна вечер со истакнати македонски лиричари и критичари, а беа интерпретирани и препеви на нивни стихови на бугарски јазик.

Манифестацијата е во организација на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје и Македонскиот културно-информативен центар (МКИЦ) во Софија, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews