Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe house Струга организираат поетско читање кое ќе се одржи утре, 17 август, во 19 часот во просториите на Europe house Струга.
Настанот се организира во чест на јубилејот 50 години од објавувањето на поетската збирка „Тајнопис“ од Анте Поповски, информираат организаторите.
Посочуваат дека поети од повеќе генерации ќе земат учество на настанот, а ќе бидат презентирани и видео и аудио записи од Анте Поповски.
OhridNews