Во рамките на балканската турнеја на Хрватското книжевно друштво од Риека, денес во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе гостуваат тројца поети.

На настанот ќе се претстават и поетите Срѓан Духовиќ, роден на Корчула – Хрватска и Станка Раѓеновиќ – Станојевиќ родена на Цетиње во Црна Гора.
Преку поезија и разговор авторите ќе ги претстават своите најнови наградени стихозбирки и своето севкупно творештво.
Модератори на настанот ќе бидат Милчо Јованоски и Веле Митаноски, а свое обраќање ќе има и Христина Трпеска, директорка на Библиотеката.
Формален домаќин на поетите и нивниот престој и настап во Охрид е Здружението за култура и литература “Мацково” кое е организатор на Балканскиот поетски камп „Ванчо Николески”.
OhridNews












