Белиот леб од 470 грама на „Жито Леб“ од денеска ќе се продава по нова, за два денари пониска цена и ќе чини 20 денари, информираат од компанијата.
За еден денар поевтинува и белиот леб сечен на парчиња на „Жито Леб“, кој од денеска ќе се продава по цена од 23 денари.
АД „Жито Леб“ Охрид е најголем и најреномиран производител на леб и печива со продажна мрежа и специјализирани млечни ресторани во повеќе градови во земјата, а препознатливите по квалитет производи на компанијата можат да се најдат во сите познати ланци маркети и во колонијалните продавници.
OhridNews