Согласно одлуката на регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, цената на бензините се намалува за 1,50 денари, а на дизелот за 2 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС -95 изнесува 78 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 ден/лит и ќе изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит, со што таа изнесува 58,00 ден/лит.

OhridNews