Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ бензините поевтинуваат за 3,5 денари, додека пак цената на дизелот останува непроменета. 

Еуросупер БС-95 ќе се продава по 83,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по 85,50 денари.

Малопродажните цени на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно цената на  Еуродизел изнесува  72,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 61,50 денари. Се намалува и цената на мазутот за 0,399 денари за килограм и ќе изнесува 46,7 денари.

OhridNews