Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануват непроменети.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 64 ден/лит. Цената на дизелот останува иста и ќе изнесува 47 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 35,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,929 ден/кг и ќе се продава по цена од 19,464 ден/кг.

OhridNews