Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, до ноќеска на полноќ,малопродажната цена на бензините се намалува за еден денар, додека дизелот поевтинува за три денари.

Цената на еуросупер-бс-95 изнесува 61,5 денари, додека цената на еуросупер-бс-98 изнесува 63,5 денари за еден литар.Новата цена на еден литар еуродизел (Д-Е В) изнесува 43,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое исто така поевтинува за три денари,  изнесува 32,00 ден.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,774 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,969 денари за еден килограм.

OhridNews