Од вечерва на полноќ, цените на нафтените деривати ќе бидат намалени за половина денар со по литар.

Според  одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цена на еуросуперот од 95 октани ќе изнесува 78,5 денари за литар, еуросуперот од 98 октани ќе се продава по цена од 80 денари за литар, додека цената на еуродизелот ќе изнесува 68 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 56,50 денари за литар.

Мало зголемување не цената ќе има кај мазутот кој ќе се продава за 40,9 денари односно за 0,2 денари повеќе од претходно.

OhridNews