Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, дизелот поевтинува за 2,5 денари, а бензинот за два денара по литар.
Според новите цени, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 81 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 67,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари по литар и ќе се продава по 83 денари.
Пониска цена од полноќ ќе има и екстра лесното масло за домаќинство и тоа за 2,5 денари по литар. Новата цена ќе изнесува 56 денари.
OhridNews