Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините и дизелот поевтинуваат за 3, 5 денари.

Цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 57,5 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по 59 денари, додека еден литар Еуродизел  (Д-Е V) ќе чини 39 денари.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,00 ден/лит,  со што цената на овој дериват  ќе изнесува 27,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,467 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 12,857 денари за еден килограм.

OhridNews