Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за 1,5 денар, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Еуросупер БС-95 ќе се продава за 62,5 денари, два денара поскап е 98-октанскиот бензин, новата цена на дизелот изнесува 48 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 36,50 денари за литар. Поевтинува и мазутот.

OhridNews