Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, ќе има нови цени на горивата.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 3,50 ден и изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден и изнесува 71,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 ден и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.

OhridNews