Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, за три денари од литар поевтинуваат бензините, додека дизелот за 2,5 денари.

Новата цена на еуросупер 95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 60 ден/лит, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намалува за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена ќе изнесува 33,851 ден/кг.

OhridNews