Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се намалуваат за 4,5 денари,соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Поевтинува и дизелот за 1,5 денари, екстралесното масло за домаќинство за два, а мазутот за нешто помалку од еден денар.

Новата цена на Еуросупер БС- 95 ќе изнесува 78,5 денари, додека литар Еуросупер БС- 98 ќе чини 80,5 денари.

Еуродизелот ќе се продава по цена од 72 денари за литар, а Екстралесното масло за домаќинство за 60,5 денари.

Новата цена на мазутот изнесува 42,417 денари за килограм.

OhridNews