Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 75,50 ден/литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за три денари и ќе чини за 77,00 ден/литар. За три денари помалку ќе се продваваат и ЕУРОДИЗЕЛОТ и Екстра лесното масло за домаќинство. Новите цени се 64,50 односно 53,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,995 ден/кг.

OhridNews