Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 0,5 денари за литар и ќе чинат 81,50 денари, односно 83,50 денари за литар.
Еуродизел (де В) и екстра лесното масло за домаќинство (ел-1) се намалуваат за 1,50 денари. Според тоа, литар еуродизел ќе се продава за 70,50 денари, а литар екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 59 денари. Цената на мазутот м-1 се намалува за еден денар за килограм и ќе изнесува 44,8 денари.