По повод 5-годишнината од трагичната смрт на големиот музички уметник и хуманист Тоше Проески, денеска во Скопје ќе се одржи молитвено чествување.

Предвидено е полагање цвеќе, палење свеќи и откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Тоше Проески и Мајка Тереза.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка, Хрватска.

OhridNews