Поетската манифестација се одржа во соработка со Градската библитека во Гетеборг, во фоајето на гетеборшкиот Градски музеј. Годинава, на манифестацијата учествуваа и истакнатите македонски автори – поетот Славе Ѓорго Димоски, актуелен претседател на Струшките вечери на поезијата и Венко Андоновски, универзитетски професор, литературен теоретичар, прозаист и колумнист.
Андоновски, кој ја промовира својата книга „Бескрајните обесхрабрени полиња горат“, пред присутните се осврна на творештвото на поетот Славе Ѓорго Димоски.
– Според она што Славе Горго Димоски го покажува во современата македонска поезија – поезијата се прави од крик, односно од синтакса на крикот. Бе разлика на која тема пишува (а пишува на пет теми) секогаш таа поезија претставува поет застанат пред студениот и суров свет. Тој свет е нем, не говори ништо. Во судирот на детето во поетот, во тој студен свет, се рага поезијата. Неговата поезија е спој мегу дете и старец. Значи во неговата поезијата има дете што се рага во јазикот, дете коеси игра во јазикот и стар мудрец кој мудрува со јазикот на детето, рече Андоновски.