По повод големиот православен празник Бадник,кој го најавува Христовото раѓање Божик, најголемиот производител на леб и печива А.Д. „Жито Леб“-Охрид, утре, 6-ти јануари, во продажба ќе пушти погача под преса со сусам од 500 гр. со паричка.
Традиционално „Жито Леб“ за празникот Василица – Стара нова година, во продажба ќе пушти колбурек со изварок од 500 грама.
Почагата со паричка, кобурекот, како и широката лепеза производи на „Жито Леб“ може да ги најдете во продажните места на компанијата, како и во сите подобро снабдени маркети и продавници.
OhridNews